Исполнет цензусот во Штип, се пребројуваат гласовите

Од:

Исполнет е цензусот за излезност на изборите во Штип, каде според пресекот во 18:30 часот на Државната изборна комисија, гласале 14.328 граѓани или 34.30 отсто од запишаните гласачи. Со ова е поминат минималниот праг од една третина од вкупниот број на гласачи кој е потребен за да се избере нов градоначалник.

По затворањето на сите 81 гласачки места во градот е започнато и со пребројување на гласовите.

За градоначалничкото место се бореа кандидатот на СДСМ, Сашко Наумов, независниот кандидат, Трајче Митев кој ги собра потребните 260 граѓански потписи, Лазар Наумов музичар од партијата ТМРО, Гоце Ангелов од новата коалиција „Иднината во наши раце“, а составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија и Интегра чиј кандидат е дплгогодишниот жител на Штип, родум од Африка, односно од Нигерија, Симеон Поликарп-Џими.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ немаше кандидат на изборите во Штип, откако Извршниот комитет на партијата одлучи да не учествува на нив. Ваквата одлука ја правдаа со бројот на заразени и починати лица како последица на коронавирусот.

Предвремените избори во градот беа закажани откако претходниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски, стана министер од редовите на СДСМ. Новоизбраниот градоначалник ќе има мандат девет месеци, односно, до одржувањето на редовните локални избори.

Би можело да ве интересира

Сашко Николов официјално градоначалник на Општина Штип

Ана Ололовска

ДИК ги објави конечните резултати: Сашко Николов има најмногу гласови на изборите во Штип

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Во Штип вчера имаше мафијашки и талибански избори

Жарко Настоски

Штип и Пласница уште во првиот круг избраа нови градоначалници

Катерина Ѓуровски

Јорданов: Во Штип имаше мафијашки избори, само за Заев да спаси власт, вршеше притисоци и уцени

Ана Ололовска

Николовски: Без притисоци и закани како во едно режимско време, граѓаните застанаа зад одличен кандидат

Ана Ололовска