Исмаил: Левица ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски

Од:

Денес политичката партија Левица најави дека ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието. Како што истакна на прес конференцијата пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил интерпелацијата е за негово учество на работна сесија на четвртиот Самит на ИПАК, најголема неформална група на пратеници која е формирана како одговор на кинеското ширење на интереси во светот.

-Учеството на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонио Милошоски, на овој т.н. Самит за Кина, кој се одржува во Тајпеј, град во Тајванската провинција на Народна Република Кина, е дипломатски несмасно и неумесно, а во крајна линија со потенцијал дополнително да ја загрози меѓународната позицијата на Македонија. Самото членување на пратеници од нашето Собранието во оваа неформална т.н. Интерпарламентарна алијанса за Кина, е неприфатливо и надвор од рамките на политиката на Кина, која впрочем е и официјална политика на Република Македонија, произлезена токму од важечките одлуки на ова Собрание, истакна Исмаил.

Според Левица активностите на оваа алијанса не се насочени кон унапредување на билатералните односи за економска или некаква друга слична соработка, а најмалку се од интерес на Македонија. Исмаил истакна дека оваа Алијанса е само алатка за провокација на Народна Република Кина со тоа што нејзините активности се во поддршка и промоција на сепаратизмот и сецесионизмот во Тајпеј.

-За крај, би сакал да ги потсетам сите избрани пратеници на Собранието на Република Македонија, а посебно оние од мнозинството предводено од ДПМНЕ, дека во едно и не така далечно минато, Влада предводена токму од ДПМНЕ, поради слична авантура со Тајван, со слични непотребни и беспредметни непријателски и малициозни политички одлуки против Народна Република Кина – земја која секогаш давала принципиелна поддршка на Македонија – направи безбедносна штета што влијаеше во 2001 ва година да биде загрозен и доведен во прашање самиот опстанок на државата, рече Исмаил.

Би можело да ве интересира

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски

Левица предлага закон за двојно зголемување на износот за поврат на ДДВ по физичко лице