Искористеноста на паркингот во Куманово во првата половина од годината изнесува 70 отсто

Од:

Искористеноста на паркинг просторот во Куманово во првите шест месеци од тековната година се движи од 60 до 70 проценти. Искористеноста е помала во однос на претходните години бидејќи во јануари немало услови за наплата на паркинг поради екстремно ниските температури кои го зафатија Куманово. Ова го објасни директорот на ЈП „Куманово Паркинг“ Фадиљ Шабани.

– Годинава нема да има проширување на паркингот, односно воведување на зоните „б“ и „ц“. Сметаме дека со зоната „а“ ќе успееме да ги задоволиме потребите на градот, како центар на Североисточниот плански регион, но и во сезоната кога во градот се враќаат печалбарите, изјави Шабани.

Тој изрази надеж дека идната година ќе се воведат двете нови зони со што, како што рече, ќе се зголеми бројот на паркинг места, а и ќе се намали цената на паркирањето кое сега за два часа изнесува 30 денари. На годишно ниво попустот изнесува 20 проценти.

Во Куманово 90 лица со хендикеп користат повластено паркирање, кои согласно одлуката на Советот на општината користат бесплатен паркинг простор во текот на целата година. За отстранување на блокатори се наплаќа 1.000 денари, за подигање на возило со пајак граѓаните се должни да платат 2.000 денари и казна од сообраќајната полиција.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски