Исечени седум дрвја на бул. „Александар Македонски“

Од:

Непознати сторители вчера со секира исекле седум дрвја од видот „каталпи“ во дрворедот на булеварот „Александар Македонски“ на потегот од Шумарски факултет до Оштина Гази Баба. Дрвјата биле засадени во 2012 година.

Градот Скопје во денешното соопштение го осудува сечењето на дрвјата.

Vandalizam na bul. aleksandar Makedonski (2)

– Со овој вандалски чин е нанесена материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини, со оглед на тоа што зеленилото, особено дрвјата, придонесуваат за намалување на загаденоста на воздухот во нашиот град, се наведува во соопштнието.

Град Скопје го пријави сечењето на дрвјата во полиција, а МВР трага по сторителите.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош