Исчистено коритото на Вардар и Усјански канал

Од:

Согласно со Програмата за одржување на коритото на река Вардар, Лепенец и отворените канали на подрачје на Град Скопје за 2013 година, деновиве, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ интензивно спроведуваа активности за чистење на коритото на реката Вардар и Ускански канал во општина Кисела Вода.

Cistenje na Kanali septemvri 2013 (4)

Рачно се чистеше нискостеблеста вегетација на косините од двете страни на минор коритото на реката Вардар на потегот од мостот кај  хотелот Холидеј Ин до мостот  „Мајка Тереза“ кај МАНУ, во должина од 300 метри, односно се исчистени 1.800 квадратни метри.

Деновиве е извршено  рачно и машинско чистење и на Усјанскиот канал на потегот од населено место Усје до булеварот Борис Трајковски во должина од 250 метри, при што е исечена нискостеблестата вегетација и се извадени околу 2.000 кубни метри  наноси од  земја и од комунален отпад.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош