Исчистени одрони на патот кон Делчево и Берово

Од:

Екипи на „Македонија пат“ од Кочани ноќеска и рано изутринава работеа на расчистување на одрони од камења и земја на патниот правец Р 1-205 Превалец-Берово и на магистралниот пат А3 Штип, Кочани, Делчево Бугарска граница.

– На патниот правец Превалец – Берово се работеше на чистење на наноси од камен и земја и тоа од 11 до 24 -от километар кај месноста викана река Осојница до селото Лаки-Виничко.

– На магистралниот пат Штип-Кочани – Делчево, екипи на Секцијата на Македонија пат од Кочани работеа на чистење на наноси од камења од село Истибања до Браната Калиманци,односно од 255-от до 268-от километр на овој патен правец, изјави Влатко Јордановски,раководител на Секцијата на Македонија пат од Кочани.

Според Јордановски додека се изведувале работите на двата магистрални патни правци сообраќајот наизменично се одвивал на по една коловозна лента, со обезбедени знаци за известување дека се работи за одрони и нивно отстарнување од патот.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска