Исчистен патот кај браната Калиманци и до Пониква

Од:

Механизацација и екипи на Македонија пат го исчистија од снег коловозот на  патниот правец од р-1 309 – Шумската куча до Пониква на Осоговските планини.

Употребени се 10 метри кубни материјал и три тони сол. Снежната покривка изнесува 10 сантиметни и се зголемува од постојаното врнење.

– Наша механизација и екипи работеа и на магистралниот пат А-3  кај зафатот на брана Калиманци каде што се отстранети карпа и наноси од камен. Со тоа и втората лента од коловозот е оспособена за сообраќај, изјави Влатко  Јорданов, раководител на подружницата на Македонија пат во Кочани.

Од поројните дождови утрово се отсранети и одроните од камења на магистралниот пат Р-1 -304 Превалец Берово. Се предупредуваат возачите на овие патни правци да возат внимателно зошто врнежите од дожд кои се присутни и во Источна Македонија создаваат нансои од камења и земја на коловозот.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози