Исчистен одронот на патниот правец Скопје – Велес

Од:

Одронот на патниот правец Скопје – Велес е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму потсетуваат дека поради свлечиште на патниот правец А3 Прилеп-Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е во целосен прекин за сите видови на возила. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем одрон кај Мостар: Се истражува како дошло до несреќата во која има и повредени

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он

Двајца загинати во свлечиште во Кина, продолжува потрагата по десетици исчезнати лица

Одрон на патот село Извор – село Иванчишта

Чести одрони на патиштата во Дебарско, на Маврово снег