Исчистен одронот на патниот правец Маврово-Дебар кај Жировница

Од:

Исчистен одронот на патниот правец Маврово-Дебар пред с.Жировница и сообраќајот е нормализиран од 11:45 часот, соопшти ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози.

Појава на магла со видливост до 100 метри има во Кичево.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Би можело да ве интересира

Исчистени одроните кои блокираа дел од коловозот на магистралата А3 кај село Истибања

Нови одрони на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани, кај село Истибања

Одрон на патот пред село Жировница, сообраќајот по една коловозна лента

Нормализиран сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка

Поради одрон затворен патот од Куманово до Кратово и Крива Паланка

Поради голем одрон, сообраќајот на патот Свети Николе-Миладиновци се одвива по една сообраќајна лента

А1он