Исчезна малолетно девојче од Кочани, полицијата трага по неа, семејството бара помош

Од:

Два дена се трага по 16-годишната Наташа Николова од кочанската населба Оризари. Таа го напуштила домот вчера во 8 часот наутро и оттогаш и се губи секаква трага. Родителите на малолетната Наташа бараат било каква информација за нивната ќерка. По неа, трага и полицијата. Кога излегла од дома, родителите знаеле дека таа се упатила кон училиштето. Од тогаш, не можат да стапат во никаков контакт со неа.

„Излезена е на 10 јуни, во 8 часот наутро. Носи темни тренерки, а можно е да носи и наочари. Излезена е со ранец. Ве молам сите што сте во можност да се вклучите во потрагата јавете се на 071348633, или упатете се кон Гоцева Шума -Кочани, таму последно се слушнати гласови. Вашата помош може многу да ни значи!!“, стои во апелот за пронаоѓање на малолетната Наташа.

Од полицијата за „А1он“ потврдуваат дека се трага по 16-годишното девојче.

„Вчера во 23.30 часот во Полициската станица Кочани, Ј.Н.(53) од н.Оризари, кочанско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Н.Н.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он