Исчезна 64-годишен маж во Скопје

Од:

Веќе три дена 27-годишната скопјанка М.А. го бара нејзиниот татко. Се работи за 64-годишниот А.А., чија трага се губи во петокот претпладне, околу 11 часот, кога излегол од дома и повеќе не се вратил.

Откако поминале неколку часа, девојката почнала да се сомнева дека нешто е чудно, и кога сфатила дека А.А. нема да се врати дома, побрзала да пријави во полициската станица во Центар.

Оттаму велат засега нема никакви траги, но продолжуваат да работат на терен за да го најдат А.А.

Скопјанката на социјалните мрежи објави дека нејзиниот татко е исчезнат и ги повикува сите кои можеби ќе го забележат да ја контактираат.

ТАТКО МИ Е ИСЧЕЗНАТ!Последен пат е виден петок 01.02 во 10 часот како излегува со количка за на пазар со тркалца, носи…

Posted by Melissa Abdul on Петок, 01 февруари 2019

-ТАТКО МИ Е ИСЧЕЗНАТ!
Последен пат е виден петок 01.02 во 10 часот како излегува со количка за на пазар со тркалца, носи црна монтка, плав џемпер и плава кошула, црни панталони и окер боја чизми со врвки (слика). Носи и црна ташна торбица за преку рамо. Излезен е без сите лични документи, без новчаник и телефон. Висок околу 1.67, тежина околу 68 кг, има зелени очи и проседа коса. Контактибилен е, нема губиток на меморија или ориентација во простор. Случајот е пријавен во полиција.

ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ сите кои можеби ќе го забележат да се јават на некој од следниве броеви: 077602-032; 070814060; 077631120;

Би можело да ве интересира

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР