Исчезна 15-годишно момче од Куманово

Од:

Ренато Џељадини (15) од кумановската населба Стари Лозја пред пет дена исчезнал во близина на депонијата Краста, јави „Куманово Њуз“.

Детето последен пат било со своите родители во саботата, додека собирале пластика на кумановската депонија. Околу 13 часот заминал до култиваторот кој бил паркиран покрај патот, за да јаде, и повеќе не се вратил.

Родителите по еден час го побарале, но безуспешно. Одтогаш му се губи трагата, а случајот е пријавен во полиција.

– Се сомневаме дека некој го киднапирал. Ренато беше добро и послушно дете не се делеше од нас – велат родителите Перјан и Рушит Џељадини.

Облечен е во црни тренерки и кратки маслинесто зелени чизми. Ако некој го препознае веднаш да пријави во полиција, апелираат родителите.

– Со кучиња трагачи полицијата открила дека детето се движело пеш се до главниот пат, на околу 500 метри од местото каде последен пат е видено, а потоа најверојатно се качило во возило и од тука му се губи трагата – вели мајката.

Од полиција не можат да потврдат дали се работи за киднапирање, но велат дека се работи на терен и се направени информативни разговори.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна