Ирена Попова ја напушти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје, ќе делува независно

Од:

На седницата на Советот на Град Скопје, советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова извести дека од денеска повеќе нема да биде дел од нивната советничката група. Како што рече Попова, отсега ќе делува самостојно.

„Ќе дејствувам независно, а вие слободно можете да продолжите со заканите кои ги испраќате до мене изминативе денови. Не се плашам и ќе продолжам да работам за она што го ветив на граѓаните во кампањата, а тоа е модерно Скопје“, рече Попова, која по нејзиното излагање, доби аплауз од градоначалничката Данела Арсовска.

Ова е втор ваков случај, откако пред речиси два месеци, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изгубија уште еден советник, Александар Трајковски од ГРОМ.

По ваквите настани, ВМРО-ДПМНЕ останува со 16 советници, СДСМ 12, ДУИ има 5 советнции, а Левица 4, ЛДП и Зелен хуман град имаат по 2 советника, а по еден Алијанса за Албанците и Алтернатива. Од денеска, во Советот има и два независни советника.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот