Инженерите и архитектите бараат промени во законската регулатива

Од:

Промени во законите за градење и за урбанистичко и просторно планирање со цел поквалитени инженерски услуги и подобра бизнис клима, побара раководството на Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) на денешната средба со министерот без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима Зоран Шапуриќ.

– Тоа се промени кои ги бараме долго и се однесуваат во делот на категоризацијата на градбите, издавањето и категоризацијата на овластувањата, мислење за сеизмичка и друга отпорност… Тоа не се драматични промени, туку подобрување на сегашниот Закон кој нам и на фирмите ќе ни олесни и ќе го зголеми квалитетот на инженерските услуги. Сметаме дека подобрувањето на квалитетот на инженерските услуги ќе ја подобри инвестициската клима, изјави претседателот на КОАИ Миле Димитровски.

Покрај за измени во издавање овластувањата и нивна категоризација според спецификите на образованието, на средбата се разговарало и за донесување правилник за нормативи за урбанистички и градежни активности (порано нарекуван тарифник – ценовник на инженерските услуги.

Според Шапуриќ, гринфилд инвестициите се приоритет и ќе се земат предвид сугестиите и ставовите на архитектите и инженерите кои се вклучени и во подобрување на инвестициската клима и во реализацијата на инвестициите.

Со претседателот на Комората Миле Димитровски, како што рече, се договориле да формираат работни групи и да се делува мултисекторски за поставените цели за унапредување на бизнис климата и за домашните и странските инвестиции.

– Соработката ќе биде интензивна и ќе биде воспоставена интерактивност и перманентност бидејќи регулативата е жива материја и треба да се создава и менува, а се разбира и да се следи нејзината реализација, што исто така значително ќе влијае на подобрување и што е уште поважно реализација на приоритетот на домашните гринфилд инвестици. Но, работите се поврзани, се работи тука и за странските инвестици бидејќи кога ќе дојдат тука стануваат домашни компании, изјави Шапуриќ.

Тој нагласи дека дава целосна поддршка за работата на Комората, посебно во однос на воведувањето континуирана професионална дообука на членството и меѓународната соработка со соседните држави и пошироко, со кое може да се подобри инвестициската клима за домашните компании.

Во КОАИ на Македонија се обединети сите инженерски струки. Таа е единствена овластена институција во државава за овластувања на инженерите и архитектите од аспект на нивните професионални компетенции. Издава и потврди на странските инженери и архитекти кои работат во Македонија. Моментно има над 3.000 активни и 4.000 неактивни членови.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски