Инвестиции за најмладите – Аеродром добива три нови детски игралишта

Од:

Дечињата треба да растат и да се развиваат во урбана општина, со нови и модерни игралишта наменети токму за нив. Поради ова, Општина Аеродром оваа есен инвестира средства во изградба на три нови игралишта во Горно Лисиче, Населба Лисиче и Мичурин. Овие игралишта се изведуваат во дворот на ООУ „Гоце Делчев“, на ул. „Мите Богоевски“ и во непосредна близина на „Танец“, известува Општина Аеродром.

Сите добиваат најсовремени реквизити, а како дел од завршната фаза ќе биде поставена и соодветна подлога. Активностите за изградба на новите детски катчиња се дел од есенската градежна офанзива чија цел е да обезбеди подобри услови за живот на повозрасните и игра и развој за помладите жители на Аеродром.

Во рамките на овие градежни активности се инвестираат буџетски средства во изградба на улици, паркинзи, детски и спортски игралишта во неколку населени места.

„Децата се иднината на Аеродром и наша обврска е да го дадеме најдобро од нас за нив. Поради ова општината обезбеди средства од буџетот кои ги намени за изградба на нови детски игралишта. Убеден сум и се радувам што овие игралишта ќе бидат нивно омилено место во општината. Со забрзано темпо и со голем број инвестиции за најмладите аеродромци ќе продолжиме и во следната 2023 година“, истакна градоначалникот Муцунски.

Изминатата година ја одбележаа инвестиции во проекти за сите категории на граѓани. Општината Аеродром и во следната година продолжува со активности за изградба на нови и реконструкција на постоечките детски и спортски игралишта. Во буџетот за 2023 година планирано е да продолжи изградба на објекти од ваков тип, се додава во соопштението на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Решението за опасната крстосница кај „Љубен Лапе“ заглавено во институционални лавиринти

Протест пред „Љубен Лапе“ во Аеродром, се бара решение за небезбедната крстосница до училиштето

Катерина Ѓуровски

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром