Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Од:

Со одржување на Првиот симпозиум на MAAS и официјално ќе биде промовирана Македонската асоцијација на абдоминални хирурзи, чии основни цели се едукацијата, научноистражувачката работа и соработката на национално и меѓународно ниво: Проф. д-р Светозар Антовиќ, претседател на Македонската асоцијација на абдоминални хирурзи (MAAS) и декан на Медицинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Република С. Македонија.

Во пресрет на Првиот симпозиум на Македонската асоцијација на абдоминални хирурзи (MAAS) и Четвртиот состанок на WEB Chapter на E-AHPBA, што ќе се одржат на 28 и 29 март 2025 година во хотелот „DoubleTree by Hilton“ во Скопје, разговараме со проф. д-р Светозар Антовиќ, претседател на Македонската асоцијација на абдоминални хирурзи (MAAS) и декан на Медицинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Република С. Македонија.

Овој симпозиум претставува важен момент за македонската медицинска заедница, бидејќи го означува и официјалното претставување на новоформираната Македонска асоцијација на абдоминални хирурзи. MAAS е формирана со цел да ги обедини стручњаците од оваа област, а нејзини главни цели се едукацијата, научноистражувачката работа и соработката на национално и меѓународно ниво со цел унапредување на хируршката пракса во земјата.

„Нашата цел е двонасочна размена: не само да испраќаме наши млади хирурзи на обука во реномирани центри, туку и да донесеме експерти во Македонија за да одржат тренинзи, предавања и оперативни демонстрации. Освен тоа, работиме на вмрежување со водечки универзитети во Европа за размена на истражувања и заеднички проекти во областа на хирургијата“, вели проф. д-р Антовиќ, кој во интервју за Педијатар.мк споделува повеќе детали за идејата и визијата на MAAS, главните предизвици и цели на асоцијацијата, како и за значењето на претстојниот симпозиум за иднината на абдоминалната хирургија во Македонија.

Интересот за Првиот симпозиум на MAAS е исклучително голем, особено меѓу младите хирурзи и специјализанти. Ова е показател дека постои силна желба за едукација и напредок во нашата хируршка заедница.

Професоре, во тек се подготовките за Првиот симпозиум на Македонската асоцијација на абдоминални хирурзи (MAAS) и Четвртиот состанок на WEB Chapter на E-AHPBA, кои ќе се одржат на 28-29 март 2025 год. во хотелот „DoubleTree by Hilton“ во Скопје, што воедно ќе значи и официјална промоција на новата асоцијација посветена на абдоминалната хирургија. Што Ве поттикна да ја формирате Македонската асоцијација на абдоминални хирурзи (MAAS) и кои се нејзините главни цели и мисија?

Проф. д-р Антовиќ: Идејата за формирање на Македонската асоцијација на абдоминални хирурзи (MAAS) дојде како природен одговор на потребите и предизвиците со кои се соочуваат абдоминалните хирурзи во Македонија. Воочивме дека нема адекватна платформа која би го обединила овој сектор, би овозможила систематска едукација и би го подигнала квалитетот на хируршките практики на повисоко ниво. Основните цели на MAAS се пред се едукацијата, научноистражувачката работа и соработката на национално и меѓународно ниво. Ние сакаме да обезбедиме континуирана едукација за младите хирурзи, да оганизираме симпозиуми, тренинзи и работилници за споделување на најдобрите хируршки практики и да работиме на воведување на нови хируршки техники во нашата земја.

Меѓународната соработка помеѓу хирурзите преку заеднички асоцијации, симпозиуми и тренинзи е од клучно значење за унапредување на оваа гранка на медицината. Македонската асоцијација на абдоминални хирурзи (MAAS) има важна улога во поврзувањето на хирурзите од регионот и пошироко. Дали планирате партнерства со меѓународни институции и асоцијации?

Проф. д-р Антовиќ: Апсолутно. Во современата медицина, изолацијата не е опција. Развојот на хируршките техники, иновациите во третманите и подобрувањето на исходите кај пациентите зависат од постојана соработка со водечките светски центри. Македонската асоцијација на абдоминални хирурзи (MAAS) веќе е во преговори за стратешки партнерства со неколку меѓународни асоцијации, вклучувајќи ги: Европско-Африканското здружение за хирургија на црниот дроб, панкреасот и билијарниот тракт (E-AHPBA), Европското здружение за хирургија, Американскиот колеџ на хирурзи итн.

Очекувам симпозиумот да послужи како почетна точка за нова ера во македонската хирургија. Ова не е само еднократен настан – сакаме да создадеме традиција на редовни научни собири кои ќе ја стават Македонија на мапата на значајни хируршки центри во регионот. Нашата амбиција е преку вакви настани да создадеме поволна средина за хируршки напредок, но и да ги задржиме младите лекари во земјата

Нашата цел е двонасочна размена: не само да испраќаме наши млади хирурзи на обука во реномирани центри, туку и да донесеме експерти во Македонија за да одржат тренинзи, предавања и оперативни демонстрации. Освен тоа, работиме на вмрежување со водечки универзитети во Европа за размена на истражувања и заеднички проекти во областа на хирургијата.

Исто така, имаме визија за организирање заеднички регионални конференции со колегите од Балканот, бидејќи сметаме дека унапредувањето на медицината во нашиот регион ќе биде побрзо и поефикасно доколку сите заедно работиме кон истиот прогресивен правец.

Повеќе на следниот линк

Би можело да ве интересира

Филипче: Кочовска го покажа вистинското лице на ДПМНЕ – тие се арогантни, нетолерантни и агресивни

ВЛЕН: Наместо прослава за децата, отворањето на градинката се претвори во партиски собир

Сиљановска Давкова: Европските лидери да пронајдат креативно решение за нас како за сите држави со почитување на идентитетот

За 25 годишнината од Клиника Жан Митрев – 25 илјади нови садници: Потпишан е Меморандум за соработка со ЈП Национални шуми

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Реакција од министерството: Изет Меџити ги има сите овластувања да управува со институциите