Интервенции на неколку локации во Скопје од страна на штабот за заштита и спасување по обилните врнежи

Од:

По обилните врнежи на дожд кои го зафатија Скопје и регионот денеска, на терен интервенираа екипите на штабот за заштита и спасување на Град Скопје.

По обилните врнежи на дожд се појавија поплави на неколку локации во Скопје, како што се подвозникот на бул. Киро Глигоров (кај Бриколаж) и клучката кај хотел Континентал. На овие локации краток период се создадоа потешкотии во одвивањето на сообраќајот, а по интервенцијата на екипите на штабот за заштита и спасување на Град Скопје, состојбата се нормализира и сообраќајот се одвива непречено и без застој.

И во наредниов период штабот за заштита и спасување на Град Скопје будно ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба, соодветно ќе интервенира.

Покрај на сообраќајниците кои се во надлежност на Градот Скопје, поголемата концентрација на дожд предизвика и поплави на повеќе улици кои што се во општинска надлежност. Градот Скопје апелира до општините во Скопје да инвестираат повеќе средства и да вложат поголеми напори во подобрување на атмосферската мрежата на локалните улици кои што се во нивна надлежност.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош