Интерпелациите за министрите Николовски и Царовска во Собранието

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 13. седница на која на дневен ред се интерпелациите за работата на министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за труд и социјална политика Мила Царовска, поднесени од пратениците од опозицијата.

Синоќа, Парламентот ја отфрли интерпелацијата на министерот за надворешна политика Никола Димитров, која исто така ја побараа пратениците од опозицијата.

Во рамки на 13. седница на дневен ред се два други предлог-закона поднесени од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Станува збор за дополнувањата на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и на Законот за водостопанство.

Пратениците треба да се изјаснат и за Предлог- законот за трговија на зелени пазари, по скратена постапка, поднесен од пратенците од владејачкото мнозинство.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање