Интернет страница на општина Куманово подостапна за лицата со попрченост

Од:

Официјалната интернет страница на општина Куманово www.kumanovo.gov.mk од неодмана претрпе измени во дизајнот, со што лицата со попреченост имаат полесен пристап до информациите од јавен карактер. Активноста се реализира во соработка со Здружението за промоција и развој на инклизивно општество „Инклузива“ од Куманово во рамки на проектот „Јавни информации достапни за лицата со попреченост“.

Од секторот за односи со јавност, појаснуваат дека е воведен модул кој содржи алатки за зголемување и намалување на фонтот, приспособување на бојата на контрастот и линковите во зависност од потребите на лицата со попреченост, отстранети се анимации кои можат да предизивикаат фотоепилетпични напади.

Проектот, информираа од „Инклузива“ се реалзира во шестте општини од североистониот регион. По спроведено истражување на пристапноста на веб страниците на општините било утврдено дека се недостапни за лицата со попреченост.

– Информациите кои се прикачени беа во непристапен формат, по што со четири општини склучивме Меморандум за соработка и им беа дадени насоки и менторска поддршка за адптација на веб страниците. Ги повикувам и институциите и останатите општини да го следат овој пример и да овозможат полесен пристап до информации од јавен карактер за лицата со попреченост, изјави Благица Димитровска од „Инклузива“.

Иницијативата на „Инклузива“ за пристап до информации за лица со попреченост е влезена во актуелниот план на отворено владино партенерство 2016-2018 година. Од оваа иницијатива проилезе и проектот „Пристап до јавни информации за лица со попреченост“.

Би можело да ве интересира

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Голем пожар во Куманово, изгореа возила, камиони, автобус, приколка и минибус

Горан Наумовски

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски