Интернационалниот и македонскиот ПЕН центар: Слободното изразување во Македонија под закана

Од:

Интернационалниот и македонскиот ПЕН преку соопштение ја изразија својата загриженост за слободата на изразување во Македонија.

„Интернационалниот Пен и Македонскиот Пен се длабоко засегнати од неодамнешните откритија дека Македонија наводно ги подложувала своите новинари и повеќе државни институции на масовен, неовластен надзор; исто така, ние сме многу вознемирени од она што изгледа како обид, од страна на македонското Јавно обвинителство, за превентивно цензурирање на новинарите кои истражуваат наводи за владина корупција.

Слободното изразување, јавно и приватно, во Македонија е под закана во пораст. Споведената анкета во декември 2014, покажа дека повеќе од половина од македонските државјани чувствуваат страв отворено да ги изразат своите мислења и дека речиси две третини сметаат дека се подложени на државно надгледување. Новинарите и активистите, често во фокусот на острите тактики насочени да ја поразат критиката на владата, се принудени на самоцензура пред стравот од надзорот.

Нивните грижи нагледно беа потврдени во февруари 2015, кога Зоран Заев, претседател на опозицијата, Социjалдемократскиот Сојуз на Македонија, изјави на прес конференција дека се стекнал со докази кои покажуваат дека над 20 000 македонски државјани биле подложени на неовластен државен надзор. Тој ги истакна македонскиот премиер, Никола Груевски и неговиот братучед, директорот на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија, како водачи зад оваа инвазија врз приватноста на македонските граѓани.

Но неавторизираниот масовен надзор е само еден од методите со кои државата очигледно се служела за да ги замолчи критиките. На 3-ти февруари, десет дена пред Заев јавно да ги искаже обвинувањата, јавното обвинителство издаде изјава соопштувајќи дека „објавувањето на материјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон“. Среде опозициските обвинувања за масовна корупција и злоупотреба на власта од страна на актуелната влада, оваа објава – длабоко вознемирувачки обид за превентивна цензура – беше јасно наменета да ги заплаши и замолчи критичарите во медиумите и опозицијата.

Слободниот печат, слободната политичка опозиција и правото на слободна приватна комуникација без шпионажа се темелите на здраво, модерно демократско општество. Интернационалниот ПЕН и Македонскиот ПЕН апелираат до македонските надлежни органи веднаш да стават крај на неовластениот „бланкет“ надзор на новинарите и граѓаните во Македонија. Ние, исто така, бараме македонските надлежни органи недвосмислено да го објаснат значењето на февруарското соопштение на Јавното обвинителство, прецизно да ги посочат околностите во кои информациите ќе се сметаат за службена тајна и да образложат точно како и кога членовите на медиумите и сите засегнати граѓани ќе знаат дека таквите околоности се применети“, соопштуваат ПЕН центрите.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on