Интензивно се реконструира патниот правец од Пробиштип кон Крупиште

Од:

Интензивно се реконструира регионалниот пат од Пробиштип до Крупиште, кој е главната артерија за граѓаните на Пробиштип кон Штип, Кочани и граничниот премин со Бугарија кај Делчево. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека крајниот рок на изградбата ќе биде до крајот на јуни.

-Информациите кои ги имам од страна на градежниот оператор во периодот што следи ќе се асфалтира секојдневно, односно како ќе се тампонираат површините, така и ќе се асфлатира. Целта е до 25 јуни Пробиштип да биде вклучен на новиот експресен пат, кога е и рокот за завршување на првата делница од експресниот пат Штип –Кочани до клучката кај железничката пруга Ванчо Прќе кај селото Крупиште, вели Анастасов.

Тој истакна дека веќе нема застој на реконструкцијата на регионалниот пат од Пробиштип кон Крупиште. Во текот на изградбата, додава, се покажа дека на одредени делови на овој пат мора да се прави детална реконструкција, со ископи на патот и до два метра, но и негова дренажа кој ќе го заштитуваат патот особено во зимските периоди.

Рехабилитација и реконструкција на регионалниот пат Пробиштип – Крупиште, беше со првична вредност од 212.751.569 денари средства обезбедени од Јавно претпријатие за државни патишта на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Измамник не платил за нарачаниот градежен материјал

Изгореа 300 хектари борова шума во неколку пробиштипски села

Горан Наумовски

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он