Интензивно се гради плоштад во централното подрачје на Демир Капија, на површина од 5.660 квадратни метри, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при демиркаписката локална самоуправа.
– Веќе се поставени подземната електрична инсталација и атмосферската канализација, а во моментов се работи на тампонирање на просторот пред да се изврши поплочувањето, соопштија од општинската Служба за информирање.
Оттаму додаваат дека со овој проект е предвидено да се изврши поплочување, да се постават канделабри со лед светилки за осветлување, изградба на фонтана, засадување на садници и поставување на клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема, што ќе биде во склоп на плоштадот.