Институтот за национална историја бара повлекување на концептот за основно образование за предметот „општествени науки“

Од:

По официјалното промoвирање на Концепцијата за основно образование од Министерството за образование и наука, мнозинството од научниот и професорски кадар на Институтот за национална историја, како и поранешни директори и прoфесори во пензија, го изразуваат својот категоричен став на неприфаќање на предложениот модел на системско реформирање на основното образование, кој се однесува на укинување на предметот историја како посебен предмет и се сведува на еден од мноштвото модуларни содржини во новокреираниот предмет „општествени науки“ – велат во рекација на предлогот за нов модел на основно образование според кој се предвидува спјување на научни дисциплини од Институтот за Национална историја.

Во продолжение комплетното писмо од Институтот за национална исотрија:

Институтот за национална историја, како впрочем и другите сродни научни и високообразовни институции и МАНУ, воопшто не беше консултиран при подготовката на Концепцијата. Како најстара научна институција во државата, Институтот е директно повикан да го изрази својот став во случаи кога непосредно се засегнува процесот на изучување на историјата на македонскиот народ и нација, во било кој сегмент на образовниот систем на национално ниво;

Предметот историја е воведен во македонскиот образовен систем со самото формирање на македонската држава, како израз на генерациските заложби на македонските интелектуалци за самостојно изучување на сопствената историја, кои се вградени во одлуките на АСНОМ. Оттаму, предметот историја претставувал, претставува и ќе претставува фундамент на образовниот систем на македонската држава, преку кој се гради идентитетот на учениците, а преку тоа и свеста за припадноста кон нацијата, како и почитта кон другите народи и култури.

Предметот историја се изучува како посебен предмет во националните наставни програми на балканските земји, како и во најголем дел од европските земји – членки на ЕУ. Од Бугарија, преку Грција, Србија, Албанија, Косово, БиХ, Хрватска, Словенија, до Британија и Финска, како и многу други европски земји, значењето на изучувањето на предметот историја недвосмислено се посочува како суштинско за осознавањето на идентитетот и градењето на нацијата.

Беше најавено дека со официјализирањето на Концепцијата, покрај интегрирањето на предметот историја во рамките на предметот „општествени науки“, автоматски ќе престанат да важат и учебниците по историја во основното образование. Тоа е недозволиво, особено имајќи го предвид фактот дека историјата на македонскиот народ и нација е директно оспорена од соседите, додека интеграцијата на македонската држава во ЕУ е условена со целосна ревизија на националната историја.

Подготовката на вакви суштински реформи во образовниот систем, кои директно задираат во концептуалното и системското изучување на историјата на национално ниво е невозможна без претходни темелни компаративни анализи со националните наставни програми во балкански контекст. Истите, пак, јасно покажуваат дека балканските земји, вклучително и земјите членки на ЕУ, го изучуваат предметот историја како фундамент во осознавањето и градењето на идентитетот на нацијата. Македонската држава не смее да биде исклучок и да експериментира со сопствената национална историја. За суштински и концептуални реформи во образовниот систем се потребни темелни анализи и консултации со научната и академската фела, како и постигнување институционален и национален консензус. Меѓутоа, тоа не смее да биде за сметка на предметот историја, кој самиот по себе има интердисциплинарен карактер. Имајќи ги предвид посочените факти и суштински забелешки го повикуваме Министерството за образование и наука да го повлече Концептот за основното образование, којшто се однесува на предметот „општествени науки“. Веруваме дека тоа е заеднички национален интерес на сите граѓани!

Потписници:

проф.д-р Маја Ангеловска-Панова

проф.д-р Новица Велјановски

проф.д-р Вера Гошева

проф.д-р Лилјана Гушевска

доц.д-р Наташа Диденко

проф.д-р Марјан Димитријевски

проф.д-р Јован Донев

проф.д-р Драган Ѓалевски

проф.д-р Лидија Ѓурковска

проф.д-р Ленина Жила

проф.д-р Влатко Јанев

проф.д-р Билјана Јосифовска-Ристовска

проф.д-р Катица Јосифовска

проф.д-р Васил Јотевски

проф.д-р Нада Јурукова

проф.д-р Наташа Котлар-Трајкова

проф.д-р Ѓорѓи Малковски

проф.д-р Катерина Младеновска

проф.д-р Александар Манојловски

проф.д-р Стефан Влахов Мицов

проф.д-р Митко Б. Панов

проф.д-р Драгица Поповска

проф.д-р Невен Радичевски

проф.д-р Силвана Сидоровска-Чуповска

проф.д-р Александар Симоновски

проф.д-р Катерина Тодороска

проф.д-р Александар Трајановски

проф.д-р Габриела Топузовска

проф.д-р Ѓорѓи Чакарјаневски

проф.д-р Тодор Чепреганов

проф.д-р Теон Џинго

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Што подолго без договор, поблиску до прекин на наставата-ниту законот на Груевски не може да спречи штрајк

Предраг Петровиќ

Историја, географија, биологија, хемија и физика повторно ќе се учат посебно, запрен е конкурсот за учебници за основно

Катерина Ѓуровски

Повици за парични награди за освоени медали на научни олимпијади и за први три места на меѓународни натпревари по математика и природни науки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Објавени се резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2023-2024