Инсталација „City Tree“ за прочистување воздух во општина Аеродром

Од:

Инсталација „City Tree“ која придонесува кон ублажување на проблемите со загадувањето на воздухот, е поставeна во населба Аеродром. Станува збор за биолошки филтер кој го прочистува воздухот од штетни материи, како азотни и сулфурни оксиди, јаглерод диоксид и моноксид и ги отстранува тешките метали.

Од општината Аеродром информираат дека преку го добиваат првиот „City Тree“ на својата територија.

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин истакна дека буџетот за заштита на животна средина го зголемиле за 20 пати споредено со минатата година, односно алоцирале околу 300.000 евра за заштита на животна средина.

– Борбата за почист воздух е моја лична заложба и еден од основните приоритети на оваа локална самоуправа. Во рамките на предвидените мерки се стремиме да поттикнеме и вакви иновативни решенија. City tree ја подигнува јавната свест и претставува своевиден потсетник дека сите треба да сме активни чинители за чиста животна средина. За него ја одбравме токму оваа локација, како една од најфреквентните за моторни возила, но и за пешаци, рече Марин.

Додаде дека општина Аеродром продолжува активно да работи во насока на обезбедување чиста животна средина за жителите.

Инсталацијата „City Tree“, која ја обезбеди Триглав Осигурување, во партнерство со Еко-свест, како изведувач, претставува иновативна структура од мов со моќ на прочистување на воздухот од штетните честички на прашина и други гасови.

Таа е совршена комбинација од новата технологија и прочистувачката моќ на растенијата, што ја прави самоодржлива и долготрајна вертикална градина, пријатна за очите и корисна за сите. Го неутрализира загадувањето од 417 автомобили на годишно ниво и може да се адаптира на секоја животна средина. Има прочистувачки ефект како 275 дрвја и е извонреден начин за справување со климатските промени, бидејќи нуди разладување од 17 степени во радиус од пет метри поради природната функција на растенијата.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски