Инспекторите од општина Гази Баба во акција за дислоцирање на хаварисаните возила од јавните површини

Од:

Општина Гази Баба започна акција за отстранување на хаварисаните возила од јавните површини. Општинскиот инспекторат, акцијата ја започна од населбата Автокоманда, населено место од каде пристигнаа најголемиот број на поплаки од граѓаните кои бараа да се дислоцираат хаварисаните возила. Граѓаните кои имаат свое возило кое не е во возна состојба на јавните паркинзи, ќе имаат рок од 15 дена да ги дислоцираат возилата, а ќе бидат и означени со посебни налепници.

„Доколку и понатаму возилата не бидат дислоцирани, инспекторите ќе постапуваат согласно законските мерки и отстранувањето на возилото ќе биде на трошок на сопствениците.

Градоначалникот Борис Георгиевски е оптимист дека оваа акција успешно ќе се спроведе и дека граѓаните ќе соработуваат бидејќи дел од оние кои веќе добија опомена, сами ги отстранија возилата.

Првата фаза покрај Автокоманда ќе ги отпфати и Железара и Ќерамидница, а втората населбите Триангла, Хиподром и Ченто.

Целта на оваа акција е да се ослободат узурпираните паркинг места од хаварисани возила, а кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, велосипедистите, пешаците и животната средина“, се вели во соопштението на Општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати