Инспекциските служби ќе проведуваат дали децата во градинките се вакцинирани против голема кашлица

Од:

Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски денеска изјави дека инспекциски служби ќе проверуваат во градинките каде нема вакцинирани деца со ДиТеПер вакцината и ќе интервенираат, за да се спречи епидемија на голема кашлица.

– Од Комисијата за заразни болести има заклучоци и истите треба да бидат одобрени на владина седница. И во закон стои дека секое дете кое што нема примено одредена вакцина не ќе може да биде дел од системот на детска заштита. Ќе ги провериме градинките и нашите инспекциски служби ќе видат каде треба да интервенираме за тоа да биде пракса и за да го спречиме ширењето на оваа епидемија, барем во Скопје како жариште во овој момент, рече Велковски.

По 18 потврдени случаи на голема кашлица, Комисијата за заразни болести вчера препорача прогласување епидемија во Скопје. Во изминатите денови бројот расте, особено на територија на град Скопје, каде се потврдени 14 случаи.

Се предлага вакциналните пунктови да работат во две смени, а дополнително да се работи и во сабота. Препорака е и да се забрани прием на невакцинирани деца за пертусис во градинките.

Комисијата очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација, бидејќи фокусот е заштита на најмалите.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вчера на прес-конференција рече дека прогласувањето на епидемија звучи малку страшно, но, дека реално треба да се олесни справувањето со ризикот што доаѓа со оваа болест.

Би можело да ве интересира

Загадувањето на воздухот во училиштата и градинките речиси за двапати ги надминува препораките од СЗО

Катерина Ѓуровски

Во Србија уште едно бебе почина од голема кашлица

А1он

Десет нови случаи на голема кашлица, хоспитализирани три лица

Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 981 случај во државава

Нови 38 случаи на голема кашлица, од нив шестмина хоспитализирани

631 случај на голема кашлица во земјава, три нови хоспитализации

Катерина Ѓуровски