Инспекции во Европски универзитет по веста дека 27 професори и асистенти заминале

Од:

Инспекции ќе го чешлаат Европски универзитет, потврдил за Радио МОФ Државниот просветен инспекторат.

Вчера поголем број на професори и асистенти го напуштиле универзитетот, наводно заради неисплатени плати и незадоволство од условите за работан.

– Во тек е инспекциски надзор, повеќе информации околу случајот ќе добиете од понеделник – велат од Државниот просветен инспекторат за Радио МОФ.

Деновиве на социјалните мрежи повеќе граѓани изразија загриженост за функционирањето на универзитетот, а студентите се плашат дека ќе им пропаднат парите кои ги дале за своето студирање.

Се шпекулира дека универзитетот го напуштиле дури 27 професори и асистенти, што според студентите значително ќе влијае на квалитетот на наставата.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on