ИНРЕКОМ: (Зло)Употреба на вонредната состојба за донесување додворувачки владини уредби

Од:

Во чиј интерес работи техничката Влада на Република Македонија? Вонредната состојба која беше продолжена вчера за нови 14 дена веќе два месеци ѝ дава одврзани раце на Владата да носи уредби со сила на закон. По одржувањето на 58 седница на Владата се поставува дилемата околу издржаноста на одлуките кои ги носат на седниците. Имено, спротивно на волјата на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и дел од здруженијата на медиумски работници.

Донесената Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 со која се опфатени сите радиодифузери во земјата за надомест на трошоци за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување согласно Законот за електронски комуникации, како ублажување на економските последици предизвикани од коронавирусот.

Од тука, ИНРЕКОМ поставува легитимно прашање: зошто се опфатени единствено националните и некои регионални канали што зрачат терестријално, а се дискриминирани каналите што зрачат преку мрежи што не користат ограничен ресурс, како што се кабелските и сателитските канали? Исто така, прашуваме каде се и радијата во сета оваа приказна?

ИНРЕКОМ ваквиот начин на финансирање на македонските телевизии го смета за директен атак врз слободата на говор и независноста во нивното работење, нешто што постоеше и во минатото, а за кое сегашната владејачка гарнитура се бореше за укинување. Најспорен е и тајмингот во предвечерието на вонредните парламентарни избори, а ова e oдлука донесена под превезот на економска помош во време на корона кризата.

Дали со овој потег Владата се додворува до националните телевизии, кои минатата година прокнижиле добивки, а воедно годинава во неколку наврати имаа тивок бојкот на конференциите од страна на Владата и нејзините министри, на сметка на операторите кои ќе бидат приморани да ги зголемат цените на фиксните услуги, нешто што ќе го платат граѓаните како крајни корисници на услугите.

Институтот исто така ги потсетува засегнатите страни дека од Буџетот, токму медиумите годинава ќе добијат солени суми за политичко претставување на политичките партии за време на изборните кампањи. Дополнително, и регулаторот АВМУ им „вбризга“ одредени економски инјекции за спас од економската криза. Од тука, се наметнува логичното прашање, колкава висина на средства се потребни за овие медиуми да не станат државни буџетари?

ИНРЕКОМ препорачува наместо директно влевање на средства во медиумите, да се донесат одредени олеснувања во даночните политики и други поволности за медиумите и медиумските работници, низ дијалог со релеватните засегнати страни, со единствена цел да се намали влијанието на државата во уредувачката политика.

Владата денеска донесе и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредната состојба, согласно која кабелските операторите се должни до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да достават пријави за регистрација на странските радиодифузери кои ги реемитуваат во рок од 60 дена од денот на нивното донесување.

Вака отприлика гласи втората скандалозна одлука од страна на Владата донесена на 58 седница, со која де факто ќе настане медиумски мрак и операторите ќе бидат приморани да ги исклучат сите странски канали за кои нема да бидат во можност да ги обноват договорите за реемитување! ИНРЕКОМ за ова извести во повеќе наврати и напомена за неприменливоста на одредбите кои произлегоа со измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, донесени по скратена постапка, во 5 до 12 пред самораспуштањето на Македонското Собрание.

Преку ова донесување, се исполнува заканата што Владата ја проследи до операторите пред два месеци, во која стоеше дека доколку не се промени сликата со странските канали, Владата ќе биде приморана да донесе уредби .

Дополнително, операторите во Македонија во повеќе наврати се заканија со исклучување на сите канали, со исклучок на каналите на јавниот сервис МРТ. Алтернативно, операторите најавуваат исклучување само на петте национални телевизии со кои се во „војна“ околу авторските и сродни права и наводната пиратерија. Во случај на предвремено раскинување на договорите т.е. укинување на дел од македонските канали, операторите во соопштение информираа дека во таква ситуација ќе се избегне покачувањето на месечните претплати, бидејќи корисниците нема да плаќаат нешто што не го користат .

ИНРЕКОМ потсетува дека никаде во светот и Европа, не може да се препише одговорност на операторот доколку некој ТВ канал емитува пиратерија. Едноставно операторите не може да влијаат врз програмските шеми на самите медиуми, бидејќи истите само го реемитуваат сигналот од каналите.

Иако техничкиот премиер, Оливер Спасовски излезе со ветување дека нема да се донесува уредба која би ги регулирала односите помеѓу телевизиите и операторите, ветување што е прекршено и сторено е токму спротивното.
Институтот повторно потсетува дека мешањето на државата во регулација на односот на два комерцијални играчи (медиумите и операторите) е спротивно на Уставот, со што очекуваме Уставниот суд да ги оспори донесените уредби и други правни акти поврзани со овој наметнат проблем.

За крај, ИНРЕКОМ ја известува јавноста дека на чекор кон исклучување на дел од националните телевизии веќе се одлучил еден од операторите, со исклучување на три од петте национални телевизии кои се реемитуваат преку сателит.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов