Иницијативи за вршење инспекциски надзор врз медиуми до ДЗЛП

Од:

До Дирекцијата за заштита на личните податоци пристигнале иницијативи за вршење инспекциски надзор врз медиуми, односно онлајн портали за информирање, заради утврдување на прекршувања на Законот за заштита на личните податоци.

Еве што стои во нивното соопштение:

Дирекцијата за заштита на личните податоци дава укажувања, препораки, презема мерки и активности, кога за одредени неправилности во обработката на личните податоци е информирана, односно има сознанија од претставки на граѓани, поднесени иницијативи за вршење надзор, медиуми или на друг начин во текот на својата работа, а сè со цел да се воспостават добри практики во работењето на контролорите, кои се во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Само во изминатата недела во Дирекцијата за заштита на личните податоци пристигнаа повеќе иницијативи за вршење инспекциски надзор врз медиуми, односно онлајн портали за информирање, заради утврдување на прекршувања на Законот за заштита на личните податоци.

Согласно Член 9 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија” бр.7/05, 103/08, 124/10, 135/11, 43/14, 153/15 и 99/16): „Матичниот број на граѓанинот може да се обработува само:
– по претходна изречна согласност на субјектот на лични податоци;
– за остварување на со закон утврдени права или обврски на субјектот на лични податоци или контролорот и
– во други случаи утврдени со закон.

Контролорот е должен да води сметка матичниот број на граѓанинот да не биде непотребно видлив, печатен или преземен од збирка на лични податоци.

Согласно член 5 став 1 алинеи 1, 2 и 3 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија” бр.7/05, 103/08, 124/10, 135/11, 43/14, 153/15 и 99/16), личните податоци се обработуваат правично и во согласност со закон, се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели, како и се соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат.

Врз основа на горенаведената правна рамка, им укажуваме на сите онлајн портали и печатени медиуми дека е потребно да иницирате бришење на личните податоци, односно минимизирање на обемот на личните податоци кои се објавуваат согласно целта која треба да се исполни при објавата, со цел правично, соодветно, релевантно и не преобемно утврдување на категориите на лични податоци (презиме, име, адреса на живеење (населено место и улица), податок за своерачно потпишување) на граѓаните (субјекти на лични податоци).

Воедно, укажуваме на член 8 од Законот за заштита на личните податоци согласно кој Забранета е обработката на посебните категории на лични податоци, односно обработката на матичниот број на граѓанинот.

Им благодариме на медиумите коишто ги почитуваат прописите за заштита на личните податоци.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on