Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Од:

Реакција од членот на Иницијативниот одбор за реформи во ЛДП, Зоран Павловски, поврзани со последните случувања во ЛДП, односно како што се наведува „продолжувањето на бркањето на сите членови кои гласно се спротивставуваат на политиките на претседателката или ставиле лајк на објава која не и се допаднала на претседателката“.

Иницијативниот одбор силно се спротивставува на недемократското водење на партијата, сталинистичкото елиминирање на интелектуалците и на неистомислениците од партијата поради што најавува нови форми на делување на Рефромското крило на ЛДП. Во продолжение следува интегралниот текст на Зоран Павловски

На последната седница на Централниот одбор на ЛДП, одржана по завршувањето на локалните избори, со селективно испратена покана за присуство до членовите на Централниот одбор, бев бесрамно исклучен од членство без мое знаење, само затоа што се залагам за реформи во ЛДП, враќање на демократското водење на партијата, отчет за потрошените стотици илјади евра од сметката на ЛДП, работа по Статут и Правилници и враќање на заробената партија на членството.

Покрај мене како еден од основачите на ЛДП се исклучени и други видни членови од партијата од цела Македонија а продолжил и процесот на распуштање на цели општински организации кои не се согласуваат со начинот на водење на партијата, губењето на идентитетот и бараат оставки за катастрофалните резултати од изборите. Со распуштањето се прави простор за формирање на фиктивни организации, по примерот на прилепската кои на последните локални избори така фиктивно направени едвај освоија смешни за ЛДП, 200 гласови во Прилеп. Избркани сме од сите органи на партијата со интриги а иронијата да биде поголема за наше бркање од партијата гласал и советникот на ВЛЕН од Чаир, Октај Садики кој сеуште е член на извршниот одбор на ЛДП поради блиски врски со претседателката. Целта е јасна, претседателката и нејзината фамилија и дружина, сака по секоја цена да си ја задржи својата позиција и привилегии во ЛДП.

Поради несогласување со ваквиот начин на недемократско водење на партијата, кршење на Статутот, постојано отстранување на неистомислениците од органите и од ЛДП и катастрофални резултати на изборите, на седницата на ЦО, членови од Извршниот одбор си поднеле оставка бидејќи не сакаат повеќе да бидат дел од оваа политика која ја уништува ЛДП и ја претвора од граѓанска партија на центарот во фамилијарна бизнис фирма на претседателката.

Затоа како основач на ЛДП немам друг начин туку само вака јавно преку отворено писмо да се обратам до целото членство и да ги предупредам каде се движи ЛДП.

Отворено писмо од Зоран Павловски основач на ЛДП, поранешен претседател на ЛДП Куманово и поранешен член на Извршниот и Централниот одбор на ЛДП:

И така прелистувајки по интернет наидов на извонреден наслов од познатата и култна книгата и филмот на Милан Кундера “Неподнослива леснотија на постоењето” (Nepodnoslјiva lakoca postoenja) и самиот наслов ме инспирираше, да ги искоментирам случувањата во Либерално

-Демократска партија, задржувајќи го насловот за доленаведеното.

-Како со неподнослива леснотија дозволивте два члена на извршниот одбор, интелектуалци, со авторитет во средината и партијата да си поднесат оставки, бидејќи размислуваат различно и слободоумно;

-Како со неподнослива леснотија исклучувате препознатливи, докажани и искусни членови на Централниот одбор, само затоа што се осмелиле да побараат реформирање, демократизација, отчетност и транспарентност во партијата;

-Како со неподнослива леснотија успеавте да ја намалите ЛДП на 6000 гласа согласно резултатите од последните локални избори и не чуствувате одговорност за тоа;

-Како со неподнослива леснотија дозволивте од партија “Фабрика на Идеи”, ЛДП да ја претворите во непрепознатлива НВО организација;

-Како со неподнослива леснотија на постоење, успеавте со КГБ-овска инфилтрација да уфрлите член на Извршен одбор на ЛДП на советнички листи на ВЛЕН во Чаир;

-Како со неподнослива леснотија на постоењето ги блокирате службените мејлови на членовите на Централниот одбор, недоставувајќи покана со Дневен ред за Централниот одбор на членовите кои не се во фамилијарно-клиенталистичка шема со претседателството;

-Како со неподнослива леснотија на постоењето ги изгубивте политичките идеологии и ставови
(ЛДП како адвокат на мали и средни претпријатија)

-Како со неподнослива леснотија на постоењето, иако се потрошија без отчет многу финансиски средства на семинари, обуки и тренинзи за ФОРУМ НА ЖЕНИ и ЛИДЕМ, немаше ниту една кандидатка жена за Градоначалник и носител на листа од младинската организација на локалните избори;

-Како со неподнослива леснотија ја узурпирате ЛДП и не го почитувате Статутот, Деловник за работа на Ц.О.и другите донесени акти;

-Како со неподнослива леснотија систематски продолжувате да ги растурате најдобрите Општински организации меѓу кои и мојата -КУМАНОВСКАТА, една од најкомпактните, најсложни и најорганизирани организации;

-Како со неподнослива леснотија на постоењето, успеавте да доживеете два последователни катастрофални порази, а за истото, секогаш да се виновни општинските организации или членовите на ЦО;

-Како со неподнослива леснотија не препознавте трошка вина кај Претседателот и Извршниот одбор на ЛДП;

-Како со неподнослива леснотија и политичко-трикомански жонглирања, успеавте да го урнисате угледот на ЛДП, граден со децении;

-Како со неподнослива леснотија успеавте да потрошите над 200 000 евра партиски пари без отчет, а резултатите се минорни ,т.е. катастрофални;

-Како со неподнослива леснотија, “OFF records” лиферувавте тези пред локалните избори дека сигурно ќе се оди во коалиција со ВМРО, договорено е, си делевте директори и советници на празно, за потоа да кажувате дека ќе одиме со СДСМ кои не молат за коалиција, и на крај недела дена пред поднесување на листи да направите срамна коалиција со Гром ,П.Ц.Е.Р. и Интегра, без согласност на општинските организации;

-Како со неподнослива леснотија, ја спроведувате максимата на Луј XV “ПОСЛЕ МЕНЕ ПОТОП”

-Како со неподнослива леснотија иако ви се поставуваат безброј прашања КАКО и ЗАШТО кои бараат одговори, вие се оглушувате и сите што поставуваат прашања ги бркате од партија;

-Како што неодговорно работите, ТАКА со неподнослива леснотија барам од вас ДА МИ доставите записник од последниот Централен одбор, со одлука за исклучување и листа на присутни членови на Ц.О. (со голема веројатност дека Централниот одбор немал кворум за работа)

-ТАКА да со неподнослива леснотија ќе побараме одговор од Надзорниот одбор и други судски органи во државата;

-ТАКА да со неподнослива леснотија на постоењето, не мотивиравте да истрајно работиме на реформите за изградба на демократски капацитет, отчетност, транспарентност и отклонување на ризиците кои доведоа до заробување на партијата;

-ТАКА да со леснотија најавуваме формирање на силен блок за реформи во партијата, организациски структуриран, кој ќе се спротистави на вашата погубна политика. ЛДП не е ваше и нема да биде. ЛДП е на членството и така ќе остане.

Вашата политика “Купи ден продади” или како Кумановци би кажале: “ПОСЛЕДЊИ ДА ГА УГАСИ СВЕТЛО И КЉУЧ ДА ГА ОСТАВИ ПОД ЧЕРГИЧЕ!” ќе биде успешно спречена од членството и рефромското крило на ЛДП нема да дозволи да згасне либаралната идеја и мисла во Македонија.

Зоран Павловски

Би можело да ве интересира

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Нормализиран сообраќајот на патот Крива Паланка – Деве Баир

Предраг Петровиќ

Силување во Дојран: Не смееш да бидеш со друг

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

Спречено е 20 тони небезбеден помфрит од Холандија да заврши на македонскиот пазар

Предраг Петровиќ