Иницијатива на СДСМ за свикување на итна седница на советот на општина Дебрца

Од:

И покрај изразениот револт на граѓаните на Дебрца и нашите укажувања искажани на седница на советот на општина Дебрца, на терен продолжува изградбата на бетонската и асфалтната база во местноста “Царополе”, во атарот на село Ново Село.

Поради тоа, согласно Деловникот на советот на општина Дебрца бараме свикување на итна седница на советот на општината на која градоначалникот на општината ќе достави информација за новонастанатата состојба со изградбата на бетонската и асфалтната база. Во информацијата посебно да се даде одговор на следните прашања:

-како е можно вакви објекти да се градат на земјоделско земјиште, ако се има во предвид дека за местноста “Царополе” не е донесен урбанистички план или локална урбанистичка планска документација?

-дали инвеститорот или изведувачот се обратиле до општината со барање за одобрение за градење и дали изработиле документ за оценка на влијанието на проектите врз животната средина?

-ако тоа не го сториле, дали инспекциски служби на општината надлежни за надзор над прописите за градење излегле на терен да проверат дали инвеститорот или изведувачот ги имаат обезбедено потребните документи за градење, кој им ги издал и ако немаат дали се преземени мерки за стопирање на градежните работи?

-кој е ставот на градоначалникот на општината во врска со изградбата на бетонската и асфалтната база на посочената локација?

Бараме на седницата на советот на општината да се поканат претставници на инвеститорот и изведувачот на работите и на засегнатите граѓани.

Во целост ја разбираме загриженоста на граѓаните и бараме да се почитува законската регулатива за изградба на ваков вид на градби.

Цениме дека наместо на локација со плодно земјоделско земјиште, која гравитира непосредно до населени места, реката Сатеска и природната реткост “Белчишкото блато”, кое е нашето најзачувано блато во оригинална форма, наведените објекти да се изградат на друга локација, каде негативните еколошки влијанија би биле помали.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски