Иницијатива на Хелсиншки комитет за донесување Закон за постапката и услови за избор на уставните судии

Од:

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска достави иницијатива до Министерството за правда за донесување на Закон за постапката и условите за избор на уставните судии, во пресрет на, како што велат, изборот на петмина нови уставни судии и потребата конечно да се пристапи кон регулирање на постапката за избор на уставните судии преку посебен закон.

Од Хелсиншкиот комитет, укажуваат дека периодот, непосредно пред изборот на петмина нови уставни судии, е најсоодветна прилика да се разгледа прашањето за нормирање и регулирање на постапката и условите за избор на уставните судии со нов закон.

– Доколку во овој момент не започне постапката за негово правно уредување, ова прашање ќе остане недопрено и во следните седум години, посочуваат од Хелсиншкиот комитет.

Уставниот суд, се вели во иницијативата од Хелсиншкиот комитет, е најнереформиранaта институција во нашиот уставен и политички систем и почнувајќи од 1991 година, кога врз основа на одредбите од Уставот
се формира Уставниот суд, до денес оваа институција не претпрела никакви суштински измени, со исклучок на уставната интервенција во однос на составот на судот, и сѐ уште функционира според истите уставни одредби од 1991 година и Деловникот на Уставниот суд од 1992 година.

– Досегашната практика на избор на уставни судии недвосмислено укажува на крајна политизираност, односно партизираност на постапката за избор која како своја последица го има изборот на уставни судии што многу повеќе се истакнуваат со својата лојалност кон партиите или одредени центри на моќ, отколку како правници. Поради тоа конечно треба да се стави крај на ваквата практика која целосно го урива и онака ниското ниво на авторитетот и углед. При ваква состојба во која се наоѓа Уставниот суд веќе дури не изненадува тврдењето дека оваа институција не може авторитативно да ја остварува својата најосновна
функција, заштита на уставноста и законитоста преку контрола над почитувањето на уставноста и законитоста на носителите на трите власти во државата. Во последниот период преку низа примери Уставниот суд се покажа како институција која многу повеќе му штети на владеењето на правото и слободите и правата отколку што може да ги заштити, се вели во образложението на Иницијативата од Хелсиншкиот комитет.

Со посебен закон, кој јасно ќе ја нормира и регулира постапката и ќе ги прецизира условите
за избор на уставните судии, според Хелсиншкиот комитет, ќе се избегне преширокото толкување на категоријата „истакнат правник“.

Во 2021 година истекува мандатот на четири уставни судии и тоа на Сали Мурати, Никола Ивановски и Елена Гошева во мај и јуни, додека на Јован Јосифовски во декември. Дополнително, како што информираат од Хелсиншкиот комитет, на уште една судијка, Валентина Маркудова, мандатот ѝ истекува во ноември 2022 година.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка

А1он

Пензионери се собраа пред Уставен суд: Со процентуално зголемување, ќе немаме за леб

ФОНД НА ПИОМ: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд

Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали сум во право или грешам за одлуката на Уставен за укинувањето на линеарното покачување на пензиите

Горан Наумовски