Информативен состанок со стопанственици во Центарот за вработување во Куманово

Од:

Надлежните од Центарот за вработување од Куманово денеска организираше информативен ден за работодавачите од општината и им го презентираше оперативниот план за активни програми и мерки за вработување. На средбата присуствуваа 60-тина работодавачи претежено од микро, мали и средни претпријатија.

– Постои голем интерес за програмата за субвенционирање плати. Оваа програма ги опфаќа работодавачите, микро, мали и средните претријатија социјални претпријатија и граѓански организации. Со програмата се предвидува да се даде финансиска поддршка на работодавачите за креирање на нови работни места, да се поддржи нивниот раст и развој-изјави вд раководителот на Цетарот за вработување, Марија Димитријевска.

Оваа програма е наменета за вработување лица од категории кои што потешко се вклучуваат на пазарот на трудот, долгорочно невработени лица над 12 месеци, лица до 29 години, над 50 години, лица корисници на парична социјална помош, паричен надоместок по основ на привремена невработеност, родители на деца со посебни потреби, инвалидни лица, родители на деца на улица, лица кои штио имале статус на деца без родители до 18 години, жени припаднички на помалите етнички зедници, припадници на ромската етничка заедница, и други.

Со програмата се предивидува субвенција за работодавачите во износ од 57.000 до 228.000 денари зависно од периодот кој што ќе биде субвенциониран – три, шест месеци или една година.

За оваа мерка има голем интерес и е креирана според барањата на работодавачите, но значајно е што се ангажираат лицата кои потешко се снаоѓаат на пазарот на трудот.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски