Инфо сесија за вториот регионален повик на Фондот за Западен Балкан во МНР

Од:

Денеска во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа официјалната Инфо сесија организирана во координација со Фондот за Западен Балкан. Оваа најнова регионална иницијатива, која настана со заедничката одлука на МНР на шесте држави од просторот на Западниот Балкан, својот полн капацитет започнува да го трасира кон крајот на минатата година. Како дел од активностите, на 2 ноември оваа година и официјално излезе вториот повик за поддршка на проекти за непрофитни организации и други институции согласно статутот и целите на Фондот. Крајниот рок за доставување на проекти е до 13 декември 2018 година.

На сесијата свое поздравно обраќање имаше заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, кој истакна дека Фондот за Западен Балкан, сигнализира уште еден конкретен чекор за развивање на европски пристап на соработка на регионално ниво, овозможувајќи зголемување на креативниот инпут на повеќе нивоа од цивилниот до научниот и други сектори кои придонесуваат за севкупна интеракција и размена на знаења, вештини, иновации и создавање нови вредости.

Жерновски потенцираше дека патот по кој овој регион оди во текот на 2018 година отвара многу перспективи за унапредени доборсоседски односи, а токму конкретните проекти како што е Фондот за Западен Балкан, се главни двигатели за ваквиот успех. Темите кои се главен приорите оваа година во вториот повик на Фондот, се теми кои се јасен показател дека ги следиме актуелните теми и политики на ЕУ промовирани во Стратегијата ЕУ 2020, како и на последните насоки на макрорегионалните стратегии на ЕК.

Претставниците на Фондот, Диркеторот Ѓерѓ Мура и програмските координатори Иванова, Весиќ и Бечири, ги презентираа сите аспекти на овој втор повик како и спецификите при апликативните и други технички детали. Како една од најважните компоненти и придобивка е што при аплицирањето потребно е да се има најмалку два партнери од другите држави од западниот Балкан.

Присутните претставници од цивилниот сектор локалната самоуправа и други институции од научен и образовен карактер од цела Македонија беа особено заинтересирани за овој повик и истите имаа голем број на прашања и предлози.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски