Инфо-сесија за работните односи во Куманово

Од:

Компаниите се подготвени да се усогласат со законските регулативи ако навреме бидат известени и им се даде одредена помош, беше речено на денешната инфо-сесија во рамки на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива во Македонија“ што се одржа во Куманово.

Инфо-сесијата, петта по ред, беше на тема работни односи. презентирани правата и обврските кои произлегуваат од Законот за работни односи и колективните договори. Проектот, пак, е на УСАИД, го спроведува ЕПИ Центар Интернационал во соработка со стопански комори, а предвидува вкупно 18 инфо-сесии во повеќе градови.

– Присутните имаат можност да дискутираат и да укажат на нивните проблеми директно до стопанските комори, но и до експертите задолжени за предавањата. Сметаме дека овие инфо-сесии овозможуваат собирање детални информации, а ние како дел од овој проект ќе овозможиме не само решавање на проблемите, туку и воспоставување одржлив начин и систем на информација до компаниите, да се решат проблемите, а со тоа да се поддржи нивниот развој, изјави Тамара Тодоровска од ЕПИ Центар Интернационал кој е партнер во проектот.

На информативните настани се обработуваат уште две теми, даноци и царини и животната средина. Темите произлегуваат од истражувањето во кои биле вклучени микро, мали и средни фирми, а целта е да се увидат проблемите со кои се соочуваат компаниите и нивно решавање.

– Проектот е уникатен и првпат во Македонија се случува три комори заеднички да соработуваат. Ова е воедно и доказ дека стопанските комори сакаат да изнајдат начин за конструктивен дијалог со власта зашто одлуките за подобро бизнис опкружување доаѓа од неа, изјави извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија Фатмир Битиќи и додаде дека м икро и малите претпријатија во земјава, поради ограничените ресурси, не можат да ги следат честите промена во законодавството.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување