А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Инфо ден за „Еразмус плус“ програмата во Крушево

by А1он27/10/2017 - 16:34462
Share0

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија денеска организираше Инфо ден во рамки на циклусот промотивни активности за програмата „Еразмус плус“.

Добивај вести на вибер

Презентери на настанот беа Марија Стефковска и Лулеса Илјаз,, претставници на Агенцијата кои ја претставија програмата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика“.

Како програма, „Еразмус плус“ на заинтересираните им нуди да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот. Програмата претставува комбинација од седум европски образовни програми, програми за обука и млади, и првпат во својата структура го додава спортот.

Вкупниот буџет за ЕРАЗМУС+ изнесува 14,7 милијарди евра, зголемувајќи го претходно постоечкиот буџет за сите програми за 40 проценти. Нуди зголемени можности за учење во странство за ученици и наставен кадар. Грантираните проекти ќе обезбедат обука за приближно четири милиони лица и 125.000 организации.

На Инфо денот во Крушево, како што информираат од Агенцијата, се покажа интерес за клучнa акција 1 – „Учењето преку индивидуални мобилности“ која создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини, подобрување на вештините за вработување и зголемување на културната свест.

Агенцијата планира да спроведе инфо денови во повеќе градови низ Македонија, поточно во Охрид и Ресен. Дополнително, а со цел зголемување на вклученоста на бизнис заедницата предвидени се и информативни работилници во соработка со стопанските комори во Република Македонија.

Покрај наведените настани Националната агенција планира и реализација на ЕКВЕТ конференции во насока на подигнување на свесноста во овој образовен сегмент.

erazmus pluskrusevo

Би можело да ве интересира

Намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар

Горан Наумовски11/01/2025 - 13:28

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Горан Наумовски02/01/2025 - 09:14

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Горан Наумовски13/09/2024 - 13:57

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Горан Наумовски01/09/2024 - 19:13

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Горан Наумовски02/08/2024 - 09:14

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево

Горан Наумовски02/08/2024 - 07:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен