Инцидент во училиштето „Братство и Единство“ во Охрид

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]Во Основното училиште „Братство и Единство“ во Охрид вчера според информации на А1, се случил инцидент поради слика со ликот на Кемал Ататурк поставена неодамна во училиштето.

Неофицијално професори од турска националност кој предаваат во ова училиште од раководството неодамна побарале и добиле дозвола во една од училниците да постават слика со ликот на основачот на модерна Турција.

Сликата според професори кои инистираат на анонимност им посметала на други нивни колеги, а на еден од часовите од децата било побарано да се завртат кон сликата со грб. Некои од професори побарале сликата веднаш да биде отстранета, а другите пак биле категорични дека доколку се отстрани ова турско одбележје, да се отстранат и сите други како што се сликите на Мајка Тереза, Скендербег, Александар Македонски.

Случајот бил пријавен во инспекторат за образование, а по итна постапка бил свикан и советот на родители.

Според професорите турци Ататурк не е ни политичар ни верски лидер, туку историска личност и сликата не треба да смета на некој. Неофицијално постојат размислувања сите слики да се отстранат и во училиштето да се направат македонско, турско и албанско катче во училиштето.

Дали една слика може да биде причина за разгорување на страстите во една образовна институција како што е Братство и единство кое важи за училиште во кое меѓуверските и меѓунационалните односи се највисоко ниво, а инциденти од етнички карактер до сега речиси и да не се случиле останува да се види. Во ова училиште учат ученици од македонска, турска, албанска и ромска националност.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност