Инцидент на технички преглед во Гостивар – Полил со бензин вработен и сакал да го запали своето возило – бил незадоволен од услугата

Од:

44 годишен жител на село Градец е уапсен утринава, откако предизвикал сериозен инцидент во станицата за технички преглед во Гостивар.

Според информациите тој бил незадоволен од услугата на вработените и едниот од нив го полил со бензин, а потоа го полил и својот автомобил по што се обидел со запалка да предизвика пожар. Во намерата го спречиле неколку лица присутни во објектот во тој момент.

Од СВР Тетово го потврдија случајот и информираат дека полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар околу 10 часот и 30 минути го лишиле од слобода 44 годишниот И.Р. од Градец.

“ Според пријавеното тој се сомничи дека во објект за технички преглед во Гостивар, најпрво со бензин полеал еден од вработените, а потоа и своето возило, по што со запалка се обидел да го запали возилото. Според пријавеното, исто така, И.Р. бил незадоволен од услугата што ја барал, но во намерата да го запали возилото бил спречен и совладан од неколку лица присутни во објектот.“, соопшти полицијата.

Извршен е комплетен увид, тој е задржан во Полициската станица Гостивар и во координација и консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Поскапуваат горивата

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски