Подготовките за претстојниот настап на Јелена Карлеуша во Скопје останаа во сенка на драматичен инцидент што се случил во салата „Јане Сандански“.
За време на пробата дошло до вербална, а потоа и до жестока физичка пресметка, во која како што пренесуваат дел од српските портали, партнерот на пејачката, Александар, настрадал и завршил во болница со повреда на пределот над окото.
Според информациите од очевидци на местото на настанот, конфликтот избил меѓу Јелена Карлеуша и сопственикот на фирмата за изнајмување техника и опрема. Како што се наведува, се скарал со вработените, па Карлеуша се замешала и прашала за што се работи па бил фрлен коњопој кон неа.
