Инбокс 7 до Бонева: Не за две, парите се за една година

Од:

Одговор од Он лајн магазинот Инбокс 7 до пратеничката Силвана Бонева која вчера на својот профил на Фејсбук, напиша дека парите за патни трошоци не биле за една, туку за две години.

„Од документите каде се гледа дека сите трошоци се исплатени за првите 11 месеци во 2014 година. Дел од тие трошоци се направени во 2013 година (од мај до декември 2013, а се исплатени во 2014). Во таа пресметка за трошоци се влезени и патните трошоци од јануари до септември 2014 година. Формулата по која се пресметуваат трошоците е 30% од цената на литар бензин за секој изминат километар. Инаку, право на користење на патни трошоци во Собранието имаат 66 пратеници. Навидум првично излегува дека трошоците за кои пишувавме се за 15 месеци. Но овде мора да напоменеме дека на 5 март 2014 година Собранискиот состав се самораспушти, додека новиот собраниски состав се конституираше на 12 мај 2014 година. Тоа се два и пол месеци. Кога на ова ќе се додаде и одморот од по 3 недели или 42 дена во текот на 2013 и 2014 година, излегува дека патните трошоци на пратениците во истражувањето на „Инбокс 7“ се за една година“, пишува Инбокс 7.

Silvana-Boneva

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски