Импичментот на 13 јуни на пленарна седница, само ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со предлогот

Од:

Комисијата за оценување на основаноста за предлогот за покренување постапка за утврдување на одговорност на Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција продолжува во 14 часот, кога ќе се утврдат заклучоците од извештајот кој ќе биде разгледан на пленарна седница во понеделник.

Мнозинството во комисијата, кое го сочинуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека предлогот не е издржан и дека со тоа СДСМ сака да удри по Иванов со цел да се зголеми хаосот во Македонија, додека пак од опозицијата велат дека не се потребни гатачки за да се види дека е прекршен Уставот.

Талат Џафери рече дека останува на ставот на ДУИ дека одлуката за помилување е донесена во сомнителна постапка и е спротивна на Уставот.

– Не држат објаснувањата на Иванов дека ја донел за добро на државата, бидејќи по носењето на оваа одлука кризата се продлабочи. Несоодветен е и аргументот дека кризата има примеси на безбедносен елемент. Затоа сметаме дека во заклучокот што ќе го донесеме треба да се сугерира Парламентот да дискутира за иницијативата и да донесе соодветна одлука, рече Џафери.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он