Имотот на Драган Даравелски оди на продажба

Од:

Kонфискуваниот имотна Драган Даравелски и Миодраг Марковиќ кои врз основа на правосилна  судска одлука од 2007 и 2008 година го оштетиле Буџетот за 103 милиони денари, односно 544 милиони денари, државата реши да го продава преку јавно надавеање.

Владиниот гласноговорник Александар Ѓорѓиев  информира дека одлуката  ја донела Владата на последната седница.

Со продажбата на конфискуваниот имот се враќаат парите во Буџетот и ќе може да се употребат за проекти од интерес за граѓаните како училишта, болници, пензии и плати.

Овој чин, рече портпаролот  истовремено е значајна порака од државата кон лицата кои вршат криминал.

„Со ваквите активности лицата кои се одлучуваат на противправно дејствување треба да бидат свесни оти нема да можат да ги зачуваат своите придобивки или имот кои ги стекнале незаконски со противуставно постапување, но и дека ќе може да го изгубат целокупниот свој имот “, рече Ѓорѓиев.

Ќе се продава стан на улицата „Свети Климент Охридски“ со површина од 110 метри квадратни, со почетна цена од 8.394.873 денари и локал во Куманово со површина 80 метри квадратни и дворно место од 742 со почетна цена од 4 670 643 денари, како  имот на Драган Даравелски.

Ќе се продава и вила на улицата „Питу Гули“ во скопската населба Водно, со површина од 1.800 метри квадратни, и тоа двор 1526 метри квадратни со базен, зграда 251 метар квадратен и помошна зграда од 23 метри квадратни. Вилата е конфискувана од Миодраг Марковиќ. Почетната цена на наддавањето е определена на 82 614 641 денар. Со правосилна судска одлука од 23.10.2008 е констатирано дека Миодраг Марковиќ го има оштетено Буџетот за 544 милиони денари.

Потенцијалниот купувач за да учествува на јавното наддавање ќе треба да уплати 10% од проценетата почетна вредност.

Поранешниот директор на Царинската продажба Драган Даравелски,  некогаш висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ,  го оштетил буџетот за 103 милиони денари.

Даравелски беше во бегство. Неговиот татко , Томислав Стојановски, беше потпретседател на Собранието.

Би можело да ве интересира

Судот го ослободи Драган Даравелски, пресудата му се укинува

Горан Наумовски

Даравелски излезе од „Идризово“

Даравелски повторно на суд, Кривичен дозволи повторување на постапката

Ана Ололовска

На Даравелски му застарело делото, барањето за ново судење ќе му донесе слобода во Македонија

Кристијан Ландов

На Табановце уапсен Драган Даравелски

Ана Ололовска

Уапсен Драган Даравелски, тече постапката за негова екстрадиција

Ана Ололовска