Имери: Влен со ребалансот на буџетот обезбедува 30 милиони евра за албанските општини

Од:

Коалицијата Влен со ребаланс на буџетот во рамки на определбите на Владата определи финансиска програма од 6 милијарди денари од кои значителен дел ќе бидат инвестирани само во албанските општини. Од овој вкупен износ од 6 милијарди денари, 1/3 или 30 милиони евра ќе биде наменети за општините со мнозинско Албанско население до крајот на 2024 година, изјави Саранда Имери од Влен.

Оваа инвестиција е важен чекор за подобрување на инфраструктурата, јавните услуги и квалитетот на животот на граѓаните. Оваа финансиска програма ќе вклучува различни развојни проекти насочени кон: Подобрување на патната инфраструктура: Изградба и одржување на патишта за да се олесни циркулацијата и поврзувањето меѓу општините. Зголемување на квалитетот на образованието: Инвестиции во училишта, обука на наставниците за да се гарантира квалитетно образование за младите.
Подобрување на здравствените услуги: Опремување на болниците и здравствените домови со модерна технологија и зголемување на капацитетите за напредни здравствени услуги. Економски развој: Поддршка за локални бизниси и нови економски иницијативи за стимулирање на создавање работни места и економски развој на регионот. Заштита на животната средина: Проекти за зачувување и заштита на животната средина за да се гарантира одржлива иднина за идните генерации.
Оваа инвестиција ја одразува посветеноста на коалицијата Влен и Владата за поддршка и унапредување на животот на граѓаните во земјата. Убедени сме дека овие проекти ќе имаат значително и позитивно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните и ќе придонесат за сеопфатен развој на општините со албанско мнозинство.
Ги повикуваме сите граѓани и локални чинители да соработуваат во успешна реализација на овие проекти и да придонесат за градење подобра иднина за сите, рече Имери.

Би можело да ве интересира

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Вреди е измама, е „политичкиот Франкенштајн“ на Мицкоски, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Фазлиу: Парите на тајниот шеф на полицијата Мијалков, преку фамилијата на Али Ахмети, завршуваат кај режимот на Александар Вучиќ

Касами: Тетово станува компактен, поврзан и зелен град

Горан Наумовски

Чаир заслужува работа, визија и конкретни дела, порача Меџити

Влен: Патриотизмот на ДУИ е скината завеса што повеќе не може да ги покрие нивните крадци и предавства