Има установи за предшколска возраст, пензионерски домови и училишта кои не ги исполнуваат условите за работа, вели Мицкоски

Од:

Сопствениците на локалите ќе добијат онолку време колку што им е потребно за да ги исправат недоследностите и во тој период нема да работат. Но, има и државни објекти меѓу оние што не ги исполнуваат потребните услови за работење, а некои од нив се установи за предшколска возраст, пензионерски домови и училишта кои изминатите три децении не биле реновирани и градени, туку крадени, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски уште еднаш повтори дека ќе одговара секој што го прекршил законот, независно дали лицето е дел од некоја политичка структура или не, и тука, напомена, не смее да има дилеми.

Во однос на мораториумот за сопствениците на локалите што го најави вчера, премиерот објасни дека се мисли на периодот што ќе им биде даден за да ги отстранат недоследностите или да можат да направат нешто со што ќе се прилагодат. Суштината е, нагласи, сите што доставиле документи, да ги исполнат и условите.

Акцијата на МВР продолжува, рече Мицкоски и дополни дека граѓаните треба да бидат спокојни зашто „правдата доаѓа“.

-Кога зборуваме за мораториум, зборуваме за временски период што ќе им биде даден на сопствениците да ги отстранат недостатоците или да можат да направат нешто со што ќе се прилагодат можеби не на дискотека, на кабере или на нешто друго. Размислуваме колкав период ќе им биде даден и тогаш тие нема да работат, туку ќе го искористат за да ги отстранат недостатоците, ова не може да се претвори во „преки суд“ зашто нешто што е повеќе од 30 години погрешно направено за 9 месеци се обидуваме да го канализираме и да го ставиме во ред, ова ќе биде обемна операција, изминативе денови слушнавте колку дозволи се суспендираат и колку лиценци и објекти се затворени, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен-темелникот на мега-паркот во Радишани.

Владата, додаде, прави се за да го исправи она што преку три децении било погрешно.

Операцијата е обемна, ќе треба време и затоа ќе им оставиме на сопствениците на локалите време. Тука не станува збор само за приватни објекти, има и државни објекти и државата ќе треба да има одреден период за „да ги исправи“ тие објекти кои биле градени или крадени изминатите три децении. Не би можел сите да ги набројам, но можам да ги кажам дејностите: предшколска возраст, пензионерски домови, училишта,…, кога се граделе или реновирале, во суштина се краделе и затоа менуваа Кривичен законик со европско знаме, знаеја дека доаѓа Влада што има намера да работи, а тие што ги краделе државата и народот, да ги казнува, истакна премиерот, повторувајќи дека временскиот период што ќе им се даде на сопствениците на локалите ќе трае колку што е потребно.

Би можело да ве интересира

Димовска: Целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Мицкоски: Масовно и обединето да дадеме поддршка за Лабудовиќ и Ѓорѓиевски

Мицкоски: Карпошани на овие избори избрале да не поддржат човек кој е на црната листа на стратешкиот партнер САД

Горан Наумовски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Со Орце Ѓорѓиевски, Скопје ќе има предвидливост и извршување на обврските, порача Мицкоски

Мицкоски: Државава во изминатите година и пол е консолидирана по распадот и пустошот во која беше затекната при преземањето на власта