Ахмети: Политички елити не и сакаат добро на земјата и служат на некои фактори

Од:

Со конференција на тема „Охридскиот договор – предизвик и гаранција за интеграција“, вчера се одбележаа 15 години од потпишувањето на Охридскиот рамковниот договор.

Присуствуваа преставници на законодавната и извршната власт, политички партии и од дипломатскиот кор. Пред присутните се обратија вицепремиерот задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Фестим Халили, амбасадор на САД во земјава, Џес Бејли, Никола Тодоров од ВМРО ДПМНЕ, Питер Фејт, од Европскиот институт за мир и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Сите се согласуваат дека Охридскиот рамковен договор приодонел за еднаквост меѓу заедниците, но на него се уште треба да се работи

„Охридскиот рамковен договор ќе живее заедно со државата. Тој и понатаму ќе се дополнува ако има потреба од тоа, се во зависнот од политичките и од потребите на граѓаните. Договорот никогаш нема да престане да важи. Се уште има некои институции кои не го почитуваат законот за јазиците, но за разлика од порано благодарение на Охридскиот договор, сега на албански јазик се зборува во владини институции и во други институции кои ги користат граѓаните“ изјави Халили.

Џес Бејли, рече дека треба да се земат позитивните искуства од договорите како Охридскиот.

„ Охридскиот договор и неговото имплементирање донесе позитивно искуство и позитивни промени за државата. Затоа апелирам да се искористи ова искуство и да се има волја сега Договорот од Пржино што поскоро да се имплементира, за да напредува Македонија, да се реши политичката криза и државата да зачекори напред“, изјави Бејли.

Според Никола Тодоров, етничките заедници во Македонија секогаш се помагале меѓу себе. Имало тензии, но тие завршувале со договор.

„Ние како млади генерации не треба да го гледаме договорот само на хартијата, туку многу повеќе ние треба да инвестираме волја и енергија за да бидеме толеранти, да се почитуваме и да се помагаме едни на други и едни со други“ изјави Тодоров.

Питер Фејт од Европскиот институт за мир искажа разочарување што договорот не придонел за што побрзо членсто на Македонија во евроатланските интеграции

„И по 15 години Охридскиот договор се уште е контроверзен, а за некого претставува разочарување. Со него се гарантираше побрзо членство на Македонија во ЕУ и НАТО, но патот кон овие организации е многу спор“, изјави Фејт.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека се уште треба да се работи на имплеметирање на законите од Рамковниот договор.

„Договорот е многу важен документ, но се уште треба многу закони да се имплементираат во пракса, закони кои произлегуваат од договорот, гласани се во собрание, но се уште седат во архивите и затоа треба сите да се ангажираме за нивно спроведување на дело. Сепак придобивките се што Албанците имаат два универзитета на мајчин јазик, тие се застапени во полицијата и АРМ, луѓето живета и работат заедно, иако се уштеима политички елити што не и сакаат добро на својата земја и служат на некои фактори што не сакаат добро на целиот регион“, изјави Ахмети.

Би можело да ве интересира

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Ахмети, кревај рачна со време, зад Мицкоски се бранителите од 2001 кои ве поразија во Арачиново – порача Ангелов

Ахмети: Коалицијата со Бошњачкиот демократски сојуз не прави убедливо победници

Ковачевски и Ахмети до крајот на неделава ќе се договорат, дали одат во коалиција или самостојно на избори

Џафери: Ахмети може да ја има која функција сака, но не е заинтересиран за претседател

Анита Петровска Рајковиќ

Заев, Ковачевски и Ахмети на иста маса-СДСМ го зајакнува Европскиот фронт

Предраг Петровиќ