Има образец кој се поднесува до градоначалникот за отворање кабаре, зошто го амнестирате прашува Апасиев

Од:

Лидерот на Левица Димитар Апасиев го повикува премиерот Христијан Мицкоски да не го амнестира градоначалникот на Кочани, со оглед како што вели на тоа што постои образец кој се поденсува до градоначалникот на општината при отворање кабаре.

– Зошто го амнестирате ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Кочани од вашите редови (кој на секоја втора слика е истопорен до премиерот Мицкоски), а ги апсите ситните риби? Ова е образецот на Пријавата, кој согласно закон, се поднесува до него – и во случај на отворање “кабаре”. Значи тој, по службена должност, знаел за диско-шталата! Легитимното прашање е зошто тој и општинските инспектори не презеле мерки за контрола и затворање на објектот? Оти, кривични дела се прават и со несторување, вели Апасиев.

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов беше на распит кај обвинител синоќа, но за него засега нема постапка.

Би можело да ве интересира

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски