Им зел 10 илјади евра за да „фати врски“ во судовите за пресуда во нивна корист

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

Од месец април до август годинава, осомничениот примил награда од 10.000 евра за да со искористување на своето претпоставено влијание интервенира да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши, односно наводно да влијае врз одлуки во граѓански судски постапки пред Основниот граѓански суд Скопје и пред Апелациониот суд Скопје.

Сведок-пријавител кој во граѓанската постапка е управител на правно лице, почнал да добива информации дека спротивната страна во судскиот спор врши сериозно влијание врз судиите кои одлучувале во првостепените и второстепените постапки давајќи поткупи за да се донесат одлуки во нивна полза. Сакајќи да ги провери таквите информации, од свој познаник-пензиониран судија добил контакт од осомничениот, кој му бил претставен како „лице кое ги познава состојбите во судовите и е близок со судии од Апелациониот суд Скопје”.

Сведокот и неговиот брат се сретнале со осомничениот кој директно им побарал 16.000 евра за да се заврши спорот во корист на правното лице – семејната фирма на сведокот. Ги уверувал дека другата страна давала многу повисоки износи, но судиите не сакале да се нафатат за да пресудат нешто што не било правно основано.

Бидејќи сведокот му кажал дека не може да обезбеди толку пари наеднаш, се договориле за исплата на три рати. На 30 април, чувствувајќи дека нема друг избор, сведокот му дал на осомничениот 5000 евра, по што осомничениот го уверувал да не се грижи за исходот и целиот период биле во комуникација во врска со постапката. Во тој период сведокот решил да ја пријави трговијата со влијание и при следната исплата на 5.000 евра, осомничениот е лишен од слобода веднаш по приемот на парите.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека се исполнети законските основи.

Би можело да ве интересира

Повредена скопјанка на концерт во КИЦ, врз неа паднала решетка од вентилација

Во „киа“ стуткани 10 мигранити, фатен криумчар во Гевгелија

23-годишник сексуално злоставувал петгодишно девојче

Катерина Ѓуровски

Разбојништво во Скопје: го претепале за да му земат 8.800 денари

53-годишен скопјанец тепал дете со клоци и тупаници на улица, го удрил со рачка од нож и му ги исекол гумите на велосипедот

Убиен жител на Конче за време на лов, во него случајно пукал друг ловџија

Катерина Ѓуровски