Илиоски: СДСМ е против европска, ефикасна администрација во служба на граѓаните

Од:

Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека СДСМ не сакале професионална и компетентна администрација и не сакале администрација во која ќе просперирале најдобрите.

– СДС е против европска, ефикасна администрација во служба на граѓаните. СДС е истиот и не се менува. СДС сака да нема критериуми и да нема систем на кариера. СДС не го интересира функционирањето на институциите и државата, како што не го интересираат ниту проблемите на граѓаните. СДС го интересира само згрижувањето на партиските послушници на трошок на граѓаните. Затоа СДС најавува укинување на сите критериуми за вработување во државната администрација. Затоа СДС најавува укинување на сите тестови за прием. Само на тој начин Заев ќе биде сигурен дека ќе влезат неговите послушници, а не и оние кои се најдобри, кои имаат највеќе знаење и кои најмногу инвестирале во себе, рече Илиоски.

Тој додаде дека ако досега на никого не му било јасно зошто во изминативе два месеца државата секој ден се задолжувала милиони евра, сега било јасно како ден. Како што кажа Илиоски, Македонија се задолжувала милиони евра за партиски вработувања и исплата на партиските војници на Заев и СДСМ.

– Цената за оваа девалвација на македонските институции кои секој ден се чекор подалеку од европските стандарди и задолжувањето на државата за партиски вработувања СДС ќе ја плати набрзо. Граѓаните гледаат како професионалци се менуваат за луѓе со купени дипломи, блиски до Зоран Заев. Граѓаните гледаат како довчерашните нивни комшии, пријатели, роднини кои важеле за вистински професионалци во својата област денес се заменети за лични пријатели на Заев кои немаат допирна точка со позицијата која ја добиле, рече Илиоски.

Според него, цената народот ќе му ја наплател на Зоран Заев и н СДСМ на локалните избори на 15. октомври кога ќе ги казнеле за уништување на државните институции и дека ќе ги казнеле за институциите кои работеле за луѓе со членска од СДСМ, а не за граѓните на Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ