Илиоски: Одлуките за одземање на пасошите се апсурдни и неиздржани

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека судот не суди според факти и аргументи и дека одлуката да им се одземат пасошите на обвинети во случаите на СЈО се апсурдни и неиздржани.

– Судот ги отфрли барањата на одбраната за укинување на мерките на претпазливост, иако истите беа поткрепени со издржани аргументи, а како божемна утеха и показател за некаков баланс ги отфрли и барањата на СЈО кои беа чисто политички. Со ваквата своја одлука судот подлегна на притисоците на СДС и нивните поддржувачи. Одлуката да се потврди решението за одземање пасоши и редовно јавување не е балансирана, туку на штета исклучиво на засегнатите, а со неа судот се вклопува во сценариото на Зоран Заев за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ, рече Зоран Илиоски на прес-конференција.

Тој додаде дека никој од обвинетите не се обидел да опструира правдата и оти редовно се јавувале на поканите од судот. Според Илиоски, судот применува двојни аршини бидејќи од една страна се одземаат пасоши на членови на ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна лидерот на СДСМ за случајот поткуп е на слобода.

– Зоран Заев целиот притисок врз судството го прави за да се спаси себеси за криминалите во кои е заглавен и во исто време да го попречи ВМРО-ДПМНЕ да му застане на патот на неговата деструктрутивна и антидржавна политика, рече Илиоски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?