Илиоски: Апелациониот суд подлегна на политичките притисоци

Од:

Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека македонската јавност изминативе денови била сведок, на како што кажа, двојните аршини на судот.

– Апелациониот суд подлегна на политичките притисоци од СДС и СЈО. Судот не ја исполни законската обврска дека судиите треба да одлучуваат врз основ на Уставот и законот Република Македонија. наместо тоа дел од судиите на апелациониот суд решија да ја прекршуваат правдата и да се додворуваат на Заев и Јанева и центрите на моќ и со тоа се запишаа на темните страни на историјата, изјави Илиоски.

Според него, со скандалозната одлука судот го прекршил законот за кривична постапка,

– Член 12 став 2 од Законот за кривична постапка вели максимално јасно и прецизно дека: „Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука“, рече Илиоски.

Како што кажа тој, сведоци сме дека одлуката на судот е само гола политика, изоставајќи ги правните аргументи.

– Ова е сериозен и незаконски преседан и отвора можност незаконски прибавени докази да бидат дел од постапката со што директно го прекрши законот за кривична постапка, смета Илиоски.

Според него, никаде во светот нелегално стекнати материјали не смее и не се користат во судски постапки, како што додаде Илиоски тоа го имало само во одлуката на Апелациониот суд, која што била спротивна на се што се учи на правниот факултет и се што се учи на сите правни факултети во светот и на сето она што било судска пракса и во Македонија и во светот.

– Од одлуката на апелација се срамат сите правници во државата. Очигледно е дека Зоран Заев целиот притисок врз судството го прави за да се спаси себеси за криминалите во кои е заглавен и во исто време да го попречи ВМРО-ДПМНЕ да му застане на патот на неговата деструктивна и антидржавна политика. Но нема да успее, за брзо следуваат промени, а неспособната влада на СДС нема да трае многу. Затоа на локалните избори СДС ќе биде поразен, и делегитимиран од граѓаните на Република Македонија, изјави Илиоски.

Тој додаде дека секој требало да знае дека оној кој работи против Уставот и законот и ги криши истите за да му се додвори на Заев ќе сносел одговорност и ќе одговарал за своите постапки.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

А1он

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот